Утринава во периодот од 05:45 до 07:25 часот, полициски службеници од Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при ОСОСК, во содејство со полициски службеници од Секторот за компјутерски криминал и Полициското одделение Жеровјане при СВР Тетово, извршиле претрес во дом и помошни простории кај А.Д.(18) во село Радиовце, тетовско.
Од МВР информираат дека причина за претресот во домот на тинејџерот е поради сомнение за сторено кривично дело по член 366 од Кривичниот законик, односно за лажна дојава за бомба во општинското средно училиште – гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово.
При претресот, пронајден и одземен бил еден мобилен телефон, а А.Д. бил лишен од слобода и задржан во полициска станица за понатамошна постапка.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

