Close Menu
Press24
    Најново

    Сиљановска-Давкова за родово базираното насилство: Законските измени не се доволни, потребна е итна и широка општествена акција

    17.11.2026 во 14:35

    Зајкова: Како во случајот со Сара од „тешка телесна повреда“ стигнавме до „телесна повреда“

    17.11.2026 во 14:06

    Фатени на дело при бесправна сеча во Мешеишта: Одземени дрва и две возила без таблички

    17.11.2026 во 14:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сиљановска-Давкова за родово базираното насилство: Законските измени не се доволни, потребна е итна и широка општествена акција
    • Зајкова: Како во случајот со Сара од „тешка телесна повреда“ стигнавме до „телесна повреда“
    • Фатени на дело при бесправна сеча во Мешеишта: Одземени дрва и две возила без таблички
    • МВР за голема антитерористичка акција во Македонија: Уапсени петмина
    • Избувна пожар во угостителски објект на кејот во Охрид
    • Му се заканувал на сопругата со огнено оружје среде бракоразводна постапка, приведен 56-годишник од кичевско
    • Ја нападнал сопругата и малолетниот син и им се заканувал со остар предмет – приведен 43-годишник во Скопје
    • Семејно насилство во Крива Паланка: Татко ја нападнал и ѝ се заканувал на ќерката
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сиљановска-Давкова за родово базираното насилство: Законските измени не се доволни, потребна е итна и широка општествена акција

    Сиљановска-Давкова за родово базираното насилство: Законските измени не се доволни, потребна е итна и широка општествена акција

    17.11.2026 во 14:353 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оцени дека е неопходно итно преземање заеднички активности за справување со родово базираното насилство нагласувајќи дека досегашните законски измени и институционални мерки не дале доволни резултати.

    Одговарајќи на новинарско прашање дали ќе побара од претседателот на Собранието на дневен ред да се стави законско решение за заштита на жените од родово базирано насилство за кое опозицијата тврди дека од август стои во фиока, таа рече дека проблемот бара поширок општествен и институционален пристап.

    Најнеопходно е првин да седнеме сите заедно, јас сум спремна тоа да го организирам. Значи, оние што ги менуваат законите, пратениците и пратеничките пред сè, невладиниот сектор, експертите, добредојдени се и малкуте жени во власта. Мислам дека итно треба да преземеме чекори и да се обидеме, многу тешко е, оти ова стана како епидемија – изјави Сиљановска-Давкова по настанот во Собранието по повод 35-годишнината од осамостојувањето и донесувањето на првиот Устав на Република Македонија.

    Таа посочи дека и покрај измените во Кривичниот законик, законите поврзани со Истанбулската конвенција и многуте средби меѓу институциите, невладиниот сектор и експертската јавност, насилството врз жените не се намалува.

    Човек кога гледа дека покрај измените што ги направивме во Кривичниот законик, покрај донесувањето на законите против дискриминацијата поврзани за Истанбулската конвенција, покрај не знам колкуте меѓусебни средби меѓу пратенички, невладиниот сектор, експертки, како да не се намалува, за жал, темпото на загрозување, на непочитување на женскиот живот. Дури си велам да не треба самите да почнеме да се заштитуваме и што е, според мене, во моментот можеби најнеопходно? – рече претседателката.

    Како што нагласи Сиљановска-Давкова, потребно е да се создаваат силни мрежи за поддршка на жените во сите институции, вклучително во судството, Министерството за внатрешни работи, центрите за социјална работа, парламентот, Владата и граѓанскиот сектор.

    Дури ми паѓаат на ум некои бизарни идеи да почнеме можеби на народната канцеларија да ги истакнуваме фотографиите на оние што вознемируваат и малтретираат. Јас веќе не знам како да ја сензибилизираме јавноста. Таа е сензибилизирана, но проблемот е подлабок, многу подлабок е проблемот. Кога секој ден гледате војна во светот, така? Кога гледате како оние што треба да ги избираат зборовите и тешките работи да ги кажуваат на убав начин, не го прават тоа, оти насилството понекогаш почнува од зборот. Зборот боли, зборот убива, зборот повредува. И ако „не“ на зборот нема одговор или ако нема укажување дека тоа не е во ред, тоа се шири секој ден и станува навистина нешто во што човек не може да верува – потенцира претсдателката.

    Таа оцени дека насилството не е поврзано исклучиво со социјалниот статус, сиромаштијата или безнадежноста и оти кон него прибегнуваат и луѓе што, како што рече, имаат исполнети животни услови.

    Особено мислев дека по смртта на едно дете, ние ќе се освестиме, односно мажите ќе се освестат. Но затоа реков дека по многуте мерки што ги презедовме, се покажа дека не се доволни само нормативните решенија. Дека ние сè уште како да имаме трауматизирани мажи од патријархална политичка култура, дека има недоразбирање какво што е едно нелогично недоразбирање меѓу родители, меѓу луѓе во љубов. Тоа за мене е шокантно, да посакувате некого, за кого тврдите дека го сакате, го почитувате, дека треба физички да го повредите, дека треба со збор да го повредите. Не е проблемот само женски, мене ми е јасно, но се чини дека ние треба сега да се обидеме да преземеме активности, и тоа сите што ги наброивме, да седнеме, да ги преиспитаме, да си поставиме точно некои планови и секојдневно да бидеме активни. Јас не гледам друго решение – истакна претседателката Сиљановска-Давкова.

    Прочитај повеќе

    Зајкова: Како во случајот со Сара од „тешка телесна повреда“ стигнавме до „телесна повреда“

    17.11.2026 во 14:06

    „Жените нема да молчат“: Тренчевска бара итна седница со Тошковски и Савески по случајот со Сара

    17.11.2026 во 12:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.