Во заедничка акција на полицијата и Основното јавно обвинителство Скопје уапсен е вработен во Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) поради сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“.
Според првичните информации што ги објави 4news.mk, станува збор за раководно лице во Дирекцијата кое наводно побарало мито за да издаде позитивно мислење, документ кој е неопходен за изградба на објект.
Апсењето било спроведено од страна на полициски службеници во координација со скопското обвинителство.
Од надлежните институции засега не соопштуваат повеќе детали за истрагата, ниту колкава сума на пари наводно била побарана, а официјално соопштение се очекува по целосното завршување на полициските активности.

