Војната со Иран би можела да заврши „прилично брзо“ со победа на САД, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, додека во заднина се одвиваат дипломатски разговори преку регионални посредници, меѓу кои активно учествува и Катар.

Претходно, американската администрација го одби иранскиот предлог за отворање на Ормускиот теснец и запирање на судирите во замена за олеснување на санкциите и блокадата. И покрај отфрлањето на оваа понуда, разговорите продолжуваат преку посреднички канали.

Нарушувањата на сообраќајот низ Ормускиот теснец веќе оставија последици врз глобалниот пазар на енергенси. Цената на нафтата во понеделникот забележа скок од над четири долари за барел по веста за отфрлениот ирански предлог, но подоцна дел од зголемувањето се стопи поради најавите за нови преговори и очекувањата на Трамп за стабилизација и пад на цените на горивата по смирувањето на кризата.

Exit mobile version