Тешко повреден малолетен пешак во Јурумлери

Малолетен пешак вчера бил тешко повреден откако во него удрило возило „мерцедес“.

-Вчера во 19.10 часот било пријавено дека на ул.„5“ во с.Јурумлери, скопско, патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Е.(38) од с.Долно Количани, скопско, удрило во малолетен пешак од с.Јурумлери. Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, појаснуваат од полицијата.

 Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.09.2020 - 11:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега