Close Menu
Press24
    Најново

    Нови цени на горивата од полноќ

    26.10.2026 во 09:20

    Падна македонски камионџија во Франција – во камионот имало 68 кг кокаин

    26.10.2026 во 15:30

    Коалиција менуваме: Додека Орце Ѓорѓиевски ужива во сендичот, Скопје за лицата со попреченост останува град останува со пречки

    25.10.2026 во 11:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Температурите под нула, студ во Македонија – УХМР најавува и снег
    • Здравствената грижа во затворите под лупа на Народниот правобранител и ОБСЕ
    • Македонскиот бизнис бара пат до глобалните пазари – Над 200 учесници на форум во Скопје
    • Стефковски со честитка за Петковден: „Нека верата ни дава сила во тешките мигови”
    • „Рекордери сме по уставни измени“: Сиљановска отвори прашања за Уставот по 35 години
    • Ја славиме Света Петка – Се верува дека денеска се случуваат чуда
    • Подгответе се за гужви – Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
    • Во 9 часот ќе снема вода – Водовод најави исклучување во дел од Скопје
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Температурите под нула, студ во Македонија – УХМР најавува и снег

    Температурите под нула, студ во Македонија – УХМР најавува и снег

    27.10.2026 во 08:362 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    УХМР ги измери темперарутите во градовите низ Македонија, а мерењата покажуваат дека не чеа постуден ден.

    Според синоптичарите, денеска, вторник, 27.10.2026, најстудено е на Попова Шапка каде температурата се спушти два степени под нулата во седум часот.

    И во Лазарополе ова утро се измерени -2 степени во седум часот.

    Гевгелија со 11 степени како и секој ден, така и денеска е најтоплото место во Македонија.

    Во Скопје ова утро во седум часот УХМР измери само 6 степени.

    Воедно, УХМР во својата табела ја покажува и количината на дожд кој наврнал изминатото деноноќие.

    Денеска времето ќе биде променливо облачно и посвежо, со услови за врнежи од дожд во северните делови на земјата. На повисоките планини дождот ќе преминува во повремен снег.

    Ќе дува умерен до засилен, а на места и повремено силен ветер од северен правец, со брзина над 60 километри на час. Минималните температури ќе се движат од -2 до 8 степени, додека максималните ќе достигнат од 9 до 17 степени.

    Во Скопје се очекува променливо облачно и посвежо време, со можност за дожд. Ќе дува умерен северен ветер, а температурата ќе се движи од минимални 5 до максимални 13 степени.

    УХМР

    Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во наредниот период ќе преовладува променливо облачно време. Врнежи од дожд се можни во северните делови, а на повисоките планини и снег. Умерен ветер, а долж Повардарието повремено засилен до силен северозападен ветер, ќе го одбележи времето во текот на денот.

    Во петок и за време на викендот повторно се очекуваат услови за врнежи.

    Featured Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Здравствената грижа во затворите под лупа на Народниот правобранител и ОБСЕ

    27.10.2026 во 08:32

    Македонскиот бизнис бара пат до глобалните пазари – Над 200 учесници на форум во Скопје

    27.10.2026 во 08:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.