Close Menu
Press24
    Најново

    Нови цени на горивата од полноќ

    26.10.2026 во 09:20

    Падна македонски камионџија во Франција – во камионот имало 68 кг кокаин

    26.10.2026 во 15:30

    Коалиција менуваме: Додека Орце Ѓорѓиевски ужива во сендичот, Скопје за лицата со попреченост останува град останува со пречки

    25.10.2026 во 11:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Македонскиот бизнис бара пат до глобалните пазари – Над 200 учесници на форум во Скопје
    • Стефковски со честитка за Петковден: „Нека верата ни дава сила во тешките мигови”
    • „Рекордери сме по уставни измени“: Сиљановска отвори прашања за Уставот по 35 години
    • Ја славиме Света Петка – Се верува дека денеска се случуваат чуда
    • Подгответе се за гужви – Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
    • Во 9 часот ќе снема вода – Водовод најави исклучување во дел од Скопје
    • Ќе нема струја со часови – Најавени исклучувања во Скопје
    • Претседателката на косовското Собрание во Македонија – Високи државни и воени почести за пречекот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Македонскиот бизнис бара пат до глобалните пазари – Над 200 учесници на форум во Скопје

    Македонскиот бизнис бара пат до глобалните пазари – Над 200 учесници на форум во Скопје

    27.10.2026 во 08:292 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Над 200 претставници на бизнис-секторот, инвеститори и експерти денеска се собираат во Скопје на првото издание на Global Trade & Growth Forum 2026, посветено на можностите за поголем извоз, привлекување инвестиции и поврзување на македонските компании со странските пазари.

    Настанот го организира Швајцарско-македонската стопанска комора (SwissCham North Macedonia), во стратешко партнерство со меѓународната логистичка компанија Mediterranean Shipping Company (MSC). Форумот се одржува со поддршка на Швајцарија преку Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) и Државниот секретаријат за економски прашања (SECO), како и програмите IME, SIPPO и SwissEP.

    Во фокусот ќе бидат начините за зголемување на конкурентноста на домашните компании, подобро искористување на трговските коридори и надминување на логистичките предизвици при настапот на меѓународните пазари.

    Од SwissCham посочуваат дека во услови на засилена глобална конкуренција и промени во синџирите на снабдување, пристапот до нови пазари и воспоставувањето меѓународни деловни контакти се од особено значење за растот на македонската економија.

    „Нашата амбиција е Global Trade & Growth Forum да прерасне во платформа која ќе отвора конкретни можности за македонските компании – од подобра логистичка поврзаност до пристап до меѓународни пазари и нови деловни партнерства“, изјави претседателката на SwissCham North Macedonia, Соња Стефановска.

    Преку форумот, организаторите очекуваат да се отворат нови можности за соработка меѓу домашните компании, странските инвеститори и меѓународните деловни партнери, со цел зајакнување на извозниот потенцијал и долгорочниот економски раст.

    Featured Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Стефковски со честитка за Петковден: „Нека верата ни дава сила во тешките мигови”

    27.10.2026 во 08:25

    „Рекордери сме по уставни измени“: Сиљановска отвори прашања за Уставот по 35 години

    27.10.2026 во 08:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.