Жичницата на Водно денеска нема да работи поради силниот ветер, информира утрово Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје.

Од претпријатието соопштија дека јачината на ветерот ги надминува дозволените безбедносни граници за непречено функционирање на жичницата.

Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците, наведува ЈСП.

Утрово во Скопје и на повеќе локации во околината преовладува студено време, проследено со силен ветер и ниски температури.

Exit mobile version