Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска им оддаде почит на полициските херои Кирил Петрушевски, Ацо Ангеловски и Ерол Готак, кои во заседа кај скопско Арачиново ги загубија животите пред 26 години. Тошковски положи цвеќе пред споменикот на бранителите во кругот на Полициската станица Гази Баба.

Во својата објава, министерот истакна дека тие биле убиени на подмолен и суров начин, но дека нивната жртва останува траен завет за идните генерации.

„Македонија никогаш не ги заборава своите храбри синови… Со длабока почит кон нивната жртва, денес положив свежо цвеќе со јасна порака дека нивното херојство никогаш нема да биде заборавено“, порача Тошковски.

Exit mobile version