Американскиот Стејт департмент издаде итна препорака до своите граѓани кои се наоѓаат во Венецуела веднаш да ја напуштат земјата поради сериозни безбедносни ризици. Во соопштението се наведува дека иако меѓународните летови од Венецуела се обновени, на терен има извештаи за вооружени милитантни групи кои поставуваат блокади на патиштата. Овие групи пребаруваат возила и бараат докази за американско државјанство или каква било поддршка за Соединетите Американски Држави.

„Безбедносната ситуација во Венецуела останува флуидна“, се вели во соопштението што го пренесува Си-Би-Ес. Ова предупредување доаѓа непосредно откако венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес беа уапсени на почетокот на јануари во меѓународна операција предводена од САД и префрлени во притвор во Њујорк.

Exit mobile version