Зимските температури, снегот и влажноста често предизвикуваат замрзнување на бравите, што може да доведе до оштетувања и непријатни ситуации пред сопствениот дом. Сепак, со навремена подготовка, овие проблеми лесно се избегнуваат.

Клучно е редовното чистење на бравите и механизмите, бидејќи акумулираната нечистотија полесно замрзнува. Експертите препорачуваат употреба на специјални спрејови или силиконски средства кои ја истиснуваат влагата, а строго советуваат да се избегнуваат масла кои задржуваат прашина.

Подеднакво важни се и дихтунзите. За да не се залепи вратата за рамката, премачкајте ги гумите со глицерин или силикон, што ќе ја зачува нивната еластичност. Доколку сепак се случи бравата да замрзне, златното правило е: не употребувајте сила. Тоа може да го скрши клучот. Наместо тоа, искористете средство за одмрзнување или нежно загрејте го клучот пред да го ставите во бравата.

Exit mobile version