Иранската Револуционерна гарда (IRGC) соопшти дека извршила серија напади врз американски воени објекти низ Персискиот Залив и врз Израел. Акцијата на Техеран доаѓа како директен одговор на претходните напади од страна на САД и Израел врз ирански воени и владини цели.

„Иран испука десетици балистички ракети кон Израел, според Nour News, медиум поврзан со Иранскиот корпус на револуционерна гарда (IRGC). Немаше извештаи за жртви“, пренесуваат регионалните медиуми.

Според официјалното соопштение на IRGC, цел на нападот биле клучните воздухопловни бази „Ал Удеид“ во Катар, „Ал-Салем“ во Кувајт и „Ал-Дафра“ во ОАЕ. Исто така, ракетирани се американската поморска база во Бахреин, базата „Мувафак Ал-Салти“ во Јордан и американски воени капацитети во северен Ирак.

Иако повеќето проектили биле пресретнати, во Обединетите Арапски Емирати е потврдена една цивилна жртва откако остатоци од ракета паднале во станбена зона. Во Бахреин, пак, една ракета директно ја погодила американската поморска база, но таму нема пријавено настрадани.

Воените власти во Катар, Кувајт и Јордан потврдија дека нивните системи за противвоздушна одбрана успешно ги неутрализирале дојдовните ирански ракети, со што е спречена поголема штета на нивните територии.

Exit mobile version