Криеле марихуана во предниот дел на автомобил и во ранец, но полициските заседи во гостиварскиот регион и Маврово ги пресекоа нивните планови.

Тројца млади гостиварчани завршија зад решетки откако интервентната полиција ги опколи со нивното возило во селото Дебреше и им ја пронајде криумчарената дрога.

„Синоќа во 22:00 часот во гостиварското село Дебреше, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода Р.Д.(22), Д.Џ.(21) и А.С.(22), сите од Гостивар. При преглед на патничко моторно возило „фолксваген“… во предниот дел од возилото била пронајдена марихуана.“

Речиси во исто време, во филмска акција на местото викано „Туристичко биро“ во Маврови Анови, полицијата сопрела друго сомнително возило каде во ранецот на возачот исто така била откриена трева.

„Полициски службеници од Полициското одделение Маврово запреле патничко возило „сузуки“… управувано од Е.С.(30) од Скопје… При прегледот, во ранецот на Е.С. била пронајдена марихуана.“

Бранот на апсења се префрли и во Градскиот парк во Скопје во раните утрински часови, каде лишен од слобода е млад странец кој со себе носел недозволени супстанци.

„Во 02:15 часот, утринава во Градскиот парк на подрачјето на Карпош, од слобода бил лишен М.П. (19) од Република Србија, кај кого била пронајдена бела прашкаста материја.“

Акциите на МВР продолжија со интензивни рации на подрачјето на Бит Пазар, Аеродром и Ѓорче Петров, како и во Битола, каде паднаа уште неколку лица со марихуана и бела грутчеста материја.

Од полицијата најавуваат дека по целосно документирање на случаите, против сите приведени лица ќе бидат поднесени соодветни кривични поднесоци до ОЈО.

Exit mobile version