Стабилното и сончево време во Македонија веќе од почетокот на следната недела ќе претрпи драстичен и бурен пресврт.

Бран на нестабилност проследен со поројни врнежи и локално невреме ќе ги зафати речиси сите градови низ државата.

Промената ќе започне постепено уште од понеделник, но вистинскиот врв на водениот бран и наглото влошување се очекуваат кон средината на неделата.

На одредени места во државата се очекува да наврнат сериозни количини воден талог за кратко време, што може да предизвика проблеми.

Локално процесите ќе бидат исклучително жестоки, со појава на силни електрични празнења, силен дожд и засилен северен ветер.

Граѓаните кои планираат активности на отворено треба да бидат крајно претпазливи поради можноста од нагло паѓање на град.

„Од понеделник следува период на променливо облачно и нестабилно време со врнежи од дожд, пообилни во вторник и среда (наместа над 15 l/m²). Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и услови за појава на град. Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец.“, велат од УХМР.

Exit mobile version