Вчера околу 22:30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници сопреле патничко возило кое го управувал З.Т.(33) од Скопје, во кое се наоѓале две малолетнички со кои се познавал од претходно, но не биле во никакви роднински врски.
Тој е лишен од слобода и со него бил извршен службен разговор во полициска станица, а службен разговор бил извршен и со двете малолетнички во присуство на родителите, бранител и стручен тим од Јавна установа- Меѓуопштински центар за социјални работи.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот по што ќе следува соодветен поднесок.


