Меѓународниот аеродром во Кувајт беше оштетен денес во напад со дрон!

Абдула Ал-Раџи, портпарол на Генералниот директорат за цивилно воздухопловство, изјави дека неколку вработени се полесно повредени и дека патничкиот терминал (Т1) е оштетен. Тој исто така рече дека надлежните органи веднаш започнале со спроведување на одобрени процедури за итни случаи.

Властите потврдија дека ситуацијата е под целосна контрола и дека безбедноста на патниците и работниците е врвен приоритет – се вели во соопштението.

Exit mobile version