Заменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков, во Брисел учествуваше на дискусијата на Советот за општи работи на ЕУ, посветена на напредокот во областа на владеењето на правото во Македонија, Албанија, Црна Гора и Србија.

-Во моето обраќање, ја истакнав нашата целосна посветеност на европскиот пат и на спроведувањето на неопходните реформи, со фокус на подобра имплементација, посилни институции и конкретни и одржливи резултати. Владеењето на правото не е само услов во процесот на пристапување кон ЕУ – тоа е темел за европска држава и за поголема доверба на граѓаните во институциите, истакна таа.

„Продолжуваме со реформите во правосудството, борбата против корупцијата и зајакнувањето на институционалните капацитети, водени од една цел: стабилна, просперитетна и европска иднина за нашите граѓани“, порача Трајков.

Exit mobile version