До 13:00 часот на повторните локални избори своето право на глас го искористиле вкупно 11.217 граѓани, што претставува излезност од 8,90 отсто. Овие податоци ги соопшти портпаролката на Државната изборна комисија (ДИК), Радица Тодоровска Алексовска, повикувајќи се на информациите пристигнати од 209 избирачки места.

Според деталниот преглед по општини, највисока излезност е регистрирана во Маврово-Ростуше со 10,03% (1.061 гласач), а најниска во Центар Жупа со 6,61% (500 гласачи). Во Врапчиште гласале 9,58% (2.613 лица), додека во најголемата општина Гостивар излезноста е 8,74% (7.043 гласачи).

Од ДИК информираат дека гласањето се одвива непречено на сите места, со исклучок на избирачкото место 0782 во селото Ќафа, кое сѐ уште не е отворено.

Exit mobile version