Францускиот претседател Емануел Макрон денеска упати драматичен апел до израелскиот премиер Бенјамин Нетањаху, барајќи од него да не наредува копнена офанзива против Хезболах. Макрон преку платформата „Икс“ порача дека сегашната стратегија на ескалација претставува „голема грешка“ која го загрозува мирот во целиот регион и повика на итен прекин на огнот.

Покрај разговорот со Нетањаху, Макрон стапил во контакт и со либанскиот државен врв, нагласувајќи дека нападите на Хезболах врз Израел мора веднаш да престанат. Франција вети дека со своите партнери ќе продолжи да ги поддржува либанските вооружени сили за да можат да ја преземат контролата и да ја елиминираат заканата што ја претставува милитантната група поддржана од Иран.

Exit mobile version