Белата куќа ги објави главните цели на воената кампања против Иран, насловена како „Епски бес“. Портпаролката Каролин Ливит потврди дека примарни мети се иранската морнарица, нуклеарната програма, балистичките ракети и прекинувањето на поддршката за сојузниците во регионот.

Иако засега нема план за испраќање копнени трупи, Вашингтон предупредува дека нападите ќе се интензивираат. Генералот Ден Кејн најави дека американските сили ќе почнат да извршуваат удари сè подлабоко во внатрешноста на иранската територија. „Имаме резерви на оружје на места за кои светот дури и не знае“, порача Ливит, нагласувајќи дека САД се подготвени за долготрајна војна.

Exit mobile version