Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје информира дека Жичницата на Водно денеска не е во функција. Причината за прекинот на работата е засилениот ветер чија јачина ги надминува дозволените граници за безбедно и непречено функционирање на објектот.

Од ЈСП Скопје, преку својата фејсбук страница, појаснуваат дека се следи состојбата на терен. „Во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

Exit mobile version