Штипските училишта празни, градинките ги згрижуваат децата

Празни се училниците во штипските основни и средни училишта, каде што штрајкот на наставниците се одвива во две смени. Претседателот на регионалниот одбор на СОНК-Штип, Марјан Костадиновски, вели дека штрајкуваат над 90 проценти од вработените во основните и средните училишта.

-Мал е бројот на наставници кои не го поддржуваат штрајкот. Во училиштата имаме по еден или двајца наставници кои не се приклучија на штрајкот. Информација имам добиено од Карбинци, каде што 18 отсто од наставниците се во извршување на работните задачи, останатите наставници во основното и средно образование во Штип и Карбинци ја почитуваат одлуката со целосна поддршка на генералниот штрајк, рече Костадиновски.

Прашан дали има притисоци од директорите на училиштата и градинките во двете општини, Костадиновски одговори  дека досега нема пристигнато поплаки од страна на вработените кои штрајкуваат.

11.04.2022 - 12:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега