Скопјанец со мопед излетал од пат во Маврови Анови

На 21.07.2024 во 17.00 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на регионалниот пат во Маврови Анови, К.С.(35) од Скопје, управувајќи мопед без регистарски ознаки, излетал од коловозот.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил К.С., констатирани во Општата болница Гостивар, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.

22.07.2024 - 12:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега