Дожд и пад на температурите: УХМР со прогноза за наредните денови


Времето утре сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец, сооопшти УХМР.
 
Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за краткотрајно невреме.

Следните денови под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса следува период на променливо облачно и посвежо време. На повеќе места ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд ( над 25 l/m2 за кратко време), грмежи, силен ветер (над 70 km/h) и појава на град.

06.09.2024 - 18:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега