Митева: Продолжуваме со уште позасилено темпо

 

Почитувани медиуми, почитувани граѓани, ми претставува особена чест што можам еве токму од општина Зрновци да најавам дека продолжуваме како ВМРО-ДПМНЕ со теренските активности, изјави Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Денеска сме во посета на општина Зрновци, успеавме да посетиме две населени места, да разговараме со сограѓаните, да видиме кои се предизвиците коишто имаме можност да ги подобриме но и да слушнеме што е она што можеме да го ставиме во програмата на идниот градоначалник, актуелниот и иден кандидат господинот Борчо Коцев.

Успеавме да направиме навистина одлични, одлични средби, да зборуваме за тоа што успеавме да направиме и од аспект на извршна власт, веќе помина една година или точно нешто повеќе од 13 месеци, да зборуваме за проектите, она што ги засега жителите на општина Зрновци а тоа е во делот на земјоделието, тоа е во делот на инфраструктурата, тоа е во делот на зголемените плати, и на образовните работници но и на здравствените работници.

Продолжуваме со уште позасилено темпо, ги градиме темелите на промените а веќе во општина Зрновци после овој четири годишен успешен, многу успешен мандат на градоначалникот, очекуваме веќе и втор мандат, сигурни сме во убедлива победа, во нешто што ќе значи промени за општина Зрновци, нешто што ќе значи визија за тоа како да го развиеме и нешто што ќе значи подобар живот за граѓаните“, изјави Митева.

16.07.2025 - 22:26

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега