Патнички авион од принудно слета во Турција поради дојава за бомба


Авион на индиската авиокомпанија „Вистара ерлајнс“ со 247 патници принудно слета во турскиот град Ерзурум на истокот од земјата по анонимна дојава за бомба, јавува турската државна телевизија „ТРТ Хабер“.

Властите го евакуираа авионот и почнаа потрага по експлозиви, се вели во соопштението. Авионот летал за Франкфурт од Мумбаи, Индија.

 

„Летот UK27 од Мумбај до Франкфурт (BOM-FRA) беше пренасочен кон Турција (Аеродром Ерзурум) поради безбедносни причини и безбедно слета во 19:05 часот“, напиша „Вистара ерлајнс“ на „Икс“.

„Воздушниот простор на Ерзурум е затворен за летови“, изјави гувернерот на „Ерзурум“, Мусрафа Чифтчи за државната новинска агенција „Анадолија“, додавајќи дека експертите за отстранување експлозив го пребаруваат авионот.

06.09.2024 - 19:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега