Кисела Вода: Млад скопјанец се обидел да силува жена на пешачки премин
31 годишен скопјанец ќе одговара за обид за силување откако вчера на сред улица во скопска Кисела Вода нападнал жена.
Како што информира Основното јавно обвинителство, осомничениот ја нападнал жената кога поминувала на пешачки премин на булеварот Борис Трајковски во близина на зградата на општината. Ја зграпчил со двете раце и се обидел да ја одвлече во споредната улица со намера да ја силува. Таа за цело време викала и барала помош а кога притрчале луѓе, осомничениот ја пуштил без да ја реализира намерата.
Надлежниот обвинител побарал а судија на претходна постапка го прифатил предлогот и на осомничениот му е одреден 30 дневен притвор.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа