Автобус на ЈСП се запали под Железничка

Автобус на Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје се запали под Железничката станица, објави Алсат.

На фотографијата која ја објави телевизијата може да се забележи дека автобусот е покриев со чад, а луѓе се обидуваат да го изгаснат со вода. 

Ова е само еден од низата инциденти со автобуси на ЈСП. Пред десетина дена, неисправен автобус се качи на жардинера пред ТЦ Мавровка.

20.07.2024 - 14:51
Фото: 
АЛСАТ

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега