Митева: Дали бизнисот од 10 милиони евра е извор на приходи за сите лаги и лошиот пи-ар на СДС

Во 2018 година кога СДС е во врвот на власта Спасов од Рејтинг добива дозвола за изградба на фотоволтаична централа со моќност од 2.18 мегавати под името Гама Солар 1, рече на денешната прес-конференција пратеничката Марија Митева.

„Кога Спасов ја добива дозволата за градба на фотоволтаичната централа Венко Филипче, сегашниот претседател на СДС е министер во владата. Се поставува прашањето дали Венко Филипче играл улога во добивањето на одобрението и дали Спасов му е лично должен на Филипче? Да одиме со ред. Фотоволтаичната централа на Спасов не е мал капацитет и за истиот да се изгради и стави во функција според енергетичарите се потребни и до 2 милиони евра. Фотоволтаична централа на Спасов годишно може да генерира приходи и до половина милион евра, што за период од 20 години, колку што е оптималниот животен век на истата ќе значи 10 милиони евра приходи. Дали овој бизнис од 10 милиони евра е извор на приходи за сите лаги и евтин ПР на СДС?“, праша пратеничката Митева.

Од СДС наместо да се темелат на конструкциите на Спасов подобро ќе биде да се спремаат за долга опозиција и одговорност и политичка и институционална за сите криминали кои ги направиле, додава Митева.

22.07.2024 - 11:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега