Хорор во Германија: Гром удри во дрво, две деца во животна опасност

Две деца се во животна опасност откако гром удрил во дрво во неделата додека семејството било во парк во германскиот град Делменхорст.

Инцидентот се случил во неделата околу 16:15 часот. Гром удрил во паркот Графт при силно невреме, а наводно седум лица се повредени, пренесува Билд.

Според медиумите, група возрасни и деца, меѓу кои и едно семејство, уживале во дружењето во паркот кога времето се променило.

Тие нашле засолниште под едно дрво кога гром удрил во близина.

„Само седевме да јадеме кога одеднаш се слушна неверојатен тресок. Беше како бомба да експлодираше“, рекол маж кој бил со своето семејство во кампер во близина.

Кога службите за брза помош пристигнале на местото на настанот неколку моменти подоцна, пронашле неколку повредени деца.

Момче (5) и девојче (14) се реанимирани и префрлени во болница со повреди опасни по живот.

Поради повреди во болница се пренесени и мајката (38), нејзиниот сопруг (40), двете ќерки (2 и 9), синот (12) и братучедот (31).

Два хеликоптери ги префрлиле тешко повредените во болница.

22.07.2024 - 11:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега