Close Menu
Press24
    Најново

    Патарина ќе се плаќа спофред изминатите километри – Еве кога се очекува новиот систем во Македонија

    19.11.2026 во 11:49

    Дали ќе има снег оваа зима – Што покажуваат прогнозите за Македонија

    19.11.2026 во 11:40

    Манасиевски: СДСМ и Филипче имаат двојни аршини за „Алта банка“, во 2023 година одобриле деловни односи со Мацура

    19.11.2026 во 11:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Патарина ќе се плаќа спофред изминатите километри – Еве кога се очекува новиот систем во Македонија
    • Дали ќе има снег оваа зима – Што покажуваат прогнозите за Македонија
    • Манасиевски: СДСМ и Филипче имаат двојни аршини за „Алта банка“, во 2023 година одобриле деловни односи со Мацура
    • Ѓорѓиевски го исполни ветувањето: По децении чекање добра вест за жителите на Шуто Оризари
    • Фрчкоски: 20 дена од скандалот со Алта банка, обвинителот Савески сè уште молчи
    • ВИДЕО: „Кажи НЕ“ – МВР со предупредување до родителите и децата
    • Муцунски: Проширувањето на ЕУ е инвестиција во побезбедна Европа
    • Домот го претворил во продавница – Македонската полиција имала што да види
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Патарина ќе се плаќа спофред изминатите километри – Еве кога се очекува новиот систем во Македонија

    Патарина ќе се плаќа спофред изминатите километри – Еве кога се очекува новиот систем во Македонија

    19.11.2026 во 11:492 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Патарините на македонските автопати би можеле да добијат нов начин на наплата, без запирање на возилата на наплатните станици. Владата размислува за воведување електронски систем со кој граѓаните би плаќале според бројот на изминати километри.

    Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски најави дека ќе се подготвува законско решение за новиот модел, при што ќе биде побарана и експертска помош од Европската транспортна заедница.

    Според Николоски, ваквиот систем би овозможил побрз проток на сообраќајот, поголема безбедност и поправедна наплата, бидејќи возачите би плаќале само за делницата што навистина ја користеле.

    Нашата идеја е да се наплаќа по километар, што ќе биде многу поправедно од ова што се случува сега. Теоретски, ако тргнете од Демир Капија и одите во Гевгелија, плаќате 100 денари на наплатната кај Смоквица, а ако тргнете од Скопје кон Гевгелија, на истата наплатна повторно плаќате 100 денари. За жителите на Демир Капија тоа е нечесно и неправедно. Затоа сметаме дека треба да се наплаќа по поминат километар, што сериозно ќе ја намали цената – изјави Николоски.

    Тој информира дека за изработката на законското решение ќе бидат вклучени експерти од Европската транспортна заедница, со цел да се искористат искуствата на понапредните европски држави. Како примери од регионот ги посочи Хрватска, каде што се подготвува примена на ваков систем, и Белград, каде што започнува неговата примена на обиколницата.

    Николоски очекува законот да биде презентиран во текот на декември.

    Првично, новиот начин на наплата би се применил на автопатот Кичево–Охрид, за кој министерот очекува целосно да биде пуштен во употреба во мај. Во наредните недели, според најавите, треба да биде пуштен и најтешкиот дел од трасата, со четири галерии, мостови, вијадукти и најдолгите тунели.

    Планот е системот постепено да се прошири и на другите автопатски делници што се градат, меѓу кои Прилеп–Битола, Букојчани–Гостивар, Гостивар–Тетово и Кичево–Букојчани.

    Прочитај повеќе

    Владата префрли нови пари за бизнисот: За домашните компании обезбедени 250 милиони евра

    19.11.2026 во 11:04

    Нов ден, нова дебата за државната каса: Власта и опозицијата со спротивставени ставови

    19.11.2026 во 08:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.