Вељановски на пладне ќе ги распише предвремените парламентарни избори

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, денеска во 12 часот, ќе потпише Решение за распишување предвремени парламентарни избори.

Собранието вчера со 117 гласови „за“ и ниту еден против и воздржан донесе одлука за распуштање на актуелниот пратенички состав.

За потсетување, иницијатива за предвремени избори во Парламенот во саботата поднесе пратеничката група ДУИ, која истиот ден беше прифатена и од страна на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Предлогот на ДУИ го подржаа и опозициските СДСМ и ДПА, како и од другите помали политички партии. Ова ќе бидат трети предвремени парламентарни избори во Македонија.

06.03.2014 - 09:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега