Лефков: Филипче не се откажува од Заев, затоа што и тој сака да биде како Заев
Ставот на Филипче дека никогаш нема да се откаже од Заев, покажува дека тој е само негов потрчко на чело на СДС. Филипче со поддршката и лојалноста кон Заев, покажува дека не се откажува од предавствата, аферите и криминалот, вели Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Филипче со неоткажувањето од Заев, не се откажа од предавствата кои тој ги направи со Бугарија, ниту од неговите ставови за Делчев, Илинденското востание и Македонија.
Со неоткажувањето од Заев, Филипче не се откажа и од криминалите кои тој ги правел, од тендерите во РЕК Битола, ЕСМ“, посочи Лефков.
Филипче не се откажа од издавањето на над 200 пасоши на белосветски криминалци.
Филипче, додава тој, не се откажува од Заев, а со тоа не се откажува и од рекетот и криминалот врз фирмите кои ги избираа и кои се негово секојдневие.
Според лефков, Филипче не се откажува од Заев, затоа што и тој сака да биде како Заев. Со Филипче нема ништо ново во СДС, повторно Заев е главен, додава пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа