Тешка сообраќајка во Гази Баба: Загина 48 годишен маж
Маж на возраст од 48 години загинал откако со својот автомобил, рано утрово излетал на патот во населбата Дрма во скопската општина Гази Баба, информираше МВР.
„Денеска (04.12.2024) во 07.13 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионален пат Велес- Скопје, во атар на нас.Дрма, скопско, возило „пежо партнер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Ј.(48) од с.Ржаничано, скопско, излетало од коловозот. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција. “ - се вели во соопштението на МВР.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа