Лути кумановки: Две жени во Куманово си ги претепале сопрузите
Кумановки ги нападнале сопрузите, едната го нападнала и синот, во два одвоени случаи, соопшти денеска Секторот за внатрешни работи Куманово.
Вчера во 20:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода триесет и петгодишната А.С. од Куманово затоа што физички го нападнала нејзиниот син и со остар предмет се заканувала на нејзиниот сопруг. Таа била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе следува соодветна пријава.
Подоцна во 18.00 часот во СВР Куманово, 38 – годишен маж од Куманово пријавил дека бил физички нападнат од неговата поранешна сопруга Л.Е. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа