ВМРО-ДПМНЕ: СДС со новите предлог кандидати за градоначалници најави дебакл на изборите
СДС вечерва со новите предлог кандидати за градоначалници најави дебакл на изборите. Кандидатите на СДС се луѓе кои немаат рејтинг во своите општини, луѓе на Заев луѓе кои се претходни градоначалници кои ги опустошиле општините или пак луѓе кои се поставени за Филипче и Заев да си ги задоволат своите блиски луѓе, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Еден од таквите е и новиот кандидат за Струмица, Марјан Даскаловски кој е многу близок човек на Заев и работи за неговите интереси. Даскаловски е човек кој заедно со Заев бркале и исклучувале од струја цели ромски семејства ако не гласале за нив! Овие луѓе се синоним за неспособност, криминал и корупција. Овие луѓе не се нови кадри, туку се стари и истрошени кандидати кои се верни на Заев и Филипче, посочија од владејачката партија.
„Овие луѓе не се иднината на општините. На локалните самоуправи им требаат чесни, работливи и искрени луѓе кои ќе работат за своите граѓани, а тоа не се овие кандидати на СДС“ – велат од ВМРО-ДПМНЕ
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа