Мицкоски: На СДСМ им посакувам успешна кампања и сигурен пораз
Утре ќе имаме првична средба со политичката партија ЗНАМ за да видиме кои се очекувањата, а што се однесува до кандидатите за градоначалници од СДСМ им посакувам успешна кампања и сигурен пораз на следните локални избори, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање за коалицирањето со ЗНАМ на локалните избори и коментар за кандидатите на СДСМ за градоначалници.
Додаде дека в недела ќе заседава Извршниот комитет на партијата на кој ќе биде пренесено тоа што се разговарало.
-Продолжуваат и разговорите со политичките партии од внатрешната коалиција, па ќе се отпочнат консултации со политички партии кои сакат да се приклучат кон ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори, така што имаме еден систематизиран пристап на активностите. Кога ќе имаме повеќе информации ќе ја информираме јавноста околу коалициите кои би се случиле за изборите, посочи премиерот Мицкоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа