Излетал со автомобил на локалниот пат Македонска Каменица- с. Дулица - полицијата веднаш го привела
Ноќеска околу 02.30 часот на локалниот пат Македонска Каменица- с. Дулица, полициски службеници од ПО БПС Делчево го лишија од слобода М.М.(65) од с. Дулица.
Тој управувајќи патничко возило „тико“, излетал од коловозот, а при извршениот увид утврдено е дека бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1.75 промили алкохол во крвта.
По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.
04.07.2025 - 10:58
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа