Уште една трагедија ја потресе Македонија: Загина жена, палејќи го огнот ја запалила собата

 


Палејќи го огнот да се затопли, 82-годишна жена од селото Косевица, Македонска Каменица настрадала во пожарот што ја зафатила собата. Несреќната жена била пронајдена мртва кога влегол нејзиниот син во соба полна чад.

Од СВР Штип информираат за настанот од вчера кога било пријавено дека во домот во с.Косевица, Општина Македонска Каменица била пронајдена почината В.М.(82) од с.Косевица.

„Таа била пронајдена од синот во соба полна со чад, а од извршениот увид било констатирано дека палејќи го огнот во шпоретот, пожарот се проширил и ја зафатил масичката и телевизорот. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт со задушување од чад, со изгореници на телото и без траги на насилство“, соопштија од СВР Штип.

04.12.2024 - 11:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега