Објавен идентитетот на жената која почина откако заедно со 9 годишно дете падна од зграда во Скопје
Се уште не се знае како 69 годишната жена и уште едно 9 годишно дете вчера вечерта паднале од зграда во скопска Кисела Вода.
Полицијата утрово го објави идентитетот на жената која починала на лице место додека 9 годишното дете завршило во болница со повреди.
„На 03.12.2024 во 19.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на територија на Кисела Вода, две лица паднале од зграда. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека жената Д.С.(69) од Скопје од здобиените повреди починала на местото на настанот, додека деветгодишен малолетник од Скопје се здобил со повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“ – се вели во соопштението на МВР.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа