Влада: Исплаќаме 1 милијарда денари за заостанати субвенции од претходната влада
Една од заложбите на Владата е посветено да се работи и да им се помага на земјоделците, велат од Владата.
„Затоа издвоени се 1 милијарда денари за исплата за заостанати субвенции за земјоделците.
Над 9.000 земјоделци ќе ги добијат своите заслужени средства како поддршка за своето производство. Кај дел од нив се доцни дури 4 години со исплатата.
Првата одлука на оваа Влада беше со ребалансот да се обезбедат средства и до крајот на годината нема да има субвенции со кои се доцни кај земјоделците.
Домаќинското и посветено работење на Владата ќе придонесе значајна поддршка за земјоделското производство.
На овој начин се исправаат и неправдите кон земјоделците кои со својот труд печалат за себе и своите семејства“, стои во соопштението од Влада.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа