Драма на аеродромот во Подгорица: Полски авион принудно слетал поради поставена бомба

Капетан на „ЛОТполиш“ пријавил дека во авионот на таа компанија има бомба, па принудно слетал во Подгорица.

На терен е и полицијата, како и полициската антидиверзантска заштита.

Од аеродромот официјално беше соопштено дека нешто пред 17 часот на аеродромот во Подгорица започна вонредна инспекција на авион на националната полска авиокомпанија „LOT Polish Airlines“.

Тие рекоа дека авионот бил изолиран и далеку од патничкиот терминал.

„Сите други патници се безбедни, а останатите операции засега се одвиваат непречено. Контролата се врши според пропишаните процедури во синхронизирана акција на Полициската управа, аеродромот и другите служби“, се вели во соопштението.

Авионот од Варшава (LO585) летал над Црна Гора, но капетанот откако добил дојава и рекол на Контролата на летање дека мора да слета на пистата на аеродромот во Подгорица.

Полскиот авион слета во 16.34 часот и во тек е антидиверзантска проверка

 

 

19.09.2024 - 18:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега