Апасиев ја сменил Алфата - сега ќе вози SUV

 

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев решил да се раздели со својата Алфа Ромео. Според податоците кои ги пријавил во својот анкетен лист во Антикорупциска, тој се подновил со џип Пежо 3008. Според она што може да се види во анкетниот лист, месец дена по изборите, Апасиев си го купил автомобилот произведен во 2017 година за сума од 16.500 евра.
Пежо 3008 е навистина квалитетен автомобил, особено ако се споредува со Алфа Ромео, за која постојат безброј приказни дека е автомобил кој најголем дел од својата километража ја набива на пат до сервисот. 
Според проценките на Скуп.мк Апасиев во моментов „тежи“ околу 173.000 евра, што кога би имало рангирање би го сместило меѓу посиромашните политичари и партиски лидери

19.09.2024 - 11:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега