Албанците нема да седат мирни по укинувањето на балансерот

 

Скандалозна е одлуката на Уставниот суд да поведе постапка за уставноста на вработувањата по етнички клучи и времено вон-употреба да го стави т.н. Балансер смета лидерот на опозоциската Алијаса - Села. Тој вели дека по ваквите одлуки нема да седат мирно и ги повика граѓаните да протестираат, но не на улица туку како револт. Побара да се воведе Бадентер во Уставниот суд за закони кои се донесени со двојно мнозинство, за да немало етничко гласање како вчера. За одлуката на Судот Села го обвини албанскиот партнер во Владата кој посташувал по наредбите на Мицкоски.

Села, сепак, признава дека има злоупотреби на алатката, а решението го гледа во Закон за правична застапеност кој ќе се однесува на етничката застапеност, половата рамноправност и соодветна застапеност на социјалните случаи и лицата со посебни потреби.

Ваков закон најавува и и владејачката Вреди. И за нив е спорна вчерашната одлука на Судот, но вели дека таа е таква поради ДУИ и нивните коалициски партнери во Европскиот фронт.

„Оваа одлука е инспирирана од очигледната потреба на криминалните структури на претходната власт за создавање меѓуетнички проблеми и дестабилизација на внатрешните односи во државата. Сакаме да укажеме на јавноста дека сите судии, без исклучок или каква било припадност, се избрани со гласови на ДУИ во претходните мандати. ДУИ давала поддршка на сите оние кои поведоа постапка против т.н.
балансер“, коментираат од Вреди.

Реакција за одлуката има од Партијата за движење на Турците од Европскиот фронт од каде сдметаат дека со укинувањето на овоиј механизам се прави сериозен удар врз немнозинските заедници, но и с енарушуваат меѓуетничките односи.

Уставниот суд, вчера по иницијатива на Антикорупциската комисија поведе посташка з аоценување на Балансерот. Мноизнството уставни судии сметаат дека националната припадност не може да е услов работа  администрација и дека таквите огласи биле спротивни на правата на граѓаните за еднаквост до сите работни места.

19.09.2024 - 18:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега