(ФОТО) Крводарителска акција во законодавниот дом: Проверете кој од пратениците е хуман
Преку соработка на Институтот за трансфузиона медицина и Собранието денес во законодавниот дом се одржа крводарителска акција во која крв даруваа пратениците и собраниската служба.
Во текот на денешниот ден крв даруваше и претседателот на Собранието Африм Гаши, кој што истовремено ја поздрави оваа хумана и благородна акција со надеж дека ќе прерасне во традиција.
Преку оваа крводарителска акција Собранието ја покажа својата заложба и посветеност за унапредување на корпоративната општествена одговорност, стои во соопштението испратено до медиумите.
Од следните фотографии погледнете кои пратеници денеска дарувале крв.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа