(Вознемирувачко видео) Три малолетнички во Панчево брутално претепале девојка поради момче
На мрежите беше објавена снимка од брутално претепување на девојка во Панчево.
Три 16-годишни девојчиња брутално претепале едно 15-годишно девојче, а сето тоа поради момче. Брутално ја претепале, ја собориле на земја, а потоа ја клоцале и кубеле.
На видеото се гледа дека наоколу има многу деца, но никој не реагира и не се меша.
Како што пренесуваат српските медиуми, станува збор за инцидент кој се случил пред хемиското училиште во Панчево, Србија.
19.09.2024 - 14:06
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа