Мицкоски: За некои опозициски политичари допрва доаѓаат проблемите
Имам чувство дека за некои опозициски политичари допрва доаѓаат проблемите кои се поврзани со големи злоупотреби правени во минатото, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.
Одговорајќи на новинарско прашање за инсистирањето на ДУИ за граѓанско изјаснување, Мицкоски уште еднаш повтори дека ги разбира политичарите од опозицијата.
-Ги разбирам политичарите во опозиција дека се нестрпливи и дека мислат дека со предвремени избори ќе ги решат проблемите. Имам чувство дека за некои опозициски политичари допрва доаѓаат проблемите кои се поврзани со големи злоупотреби правени во минатото, потенцира премиерот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа