Спиро Ристовски ослободен од куќен притвор

 

 

Спиро Ристевски кој беше обвинет во предметот за организаторите на „27 април“ денеска е ослободен од домашен притвор, пренесува „А1ОН“.

Судот донел одлука дека треба да се јавува во суд два пати месечно, а одземен му е пасошот и не смее да го напушта Скопје.

Ристовски беше во домашен притвор од крајот на мај 2019 година, поради сомневање на Обвинителството дека може да избега или да влијае врз сведоци.

Нему по овој предмет не може да му се изрече нова мерка куќен притвор бидејќи според Законот за кривична постапка, таа може да трае најмногу една година за дела чија затворска казна е до 15 години затвор.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.12.2020 - 16:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега