Во Чешка живата на термометарот се спушти и до минус единаесет степени

Денеска во Чешка температурите се спуштија и до минус единаесет степени. 

- Во станиците каде повеќе од 50 години се мерат минимални температури, рекордот беше надминат на 25 места, изјави Милош Дворжак од Чешкиот хидрометеоролошки завод.

Метеоролозите предвидуваат дека идната недела земјата ќе ја зафати бран од топол воздух од југ и живата во термометарот не се очекува да се симне под нула степени ниту преку ноќ. Дневната температура ќе биде меѓу 11 и 18 степени.

 

04.10.2013 - 12:24

најчитано сега