Палчо за неколку часа ќе биде донесен во Македонија

 

Вечерва во Македонија ќе биде донесен Љупчо Палевски Палчо, првообвинет за убиството на малата Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.

Според информациите што ги добивме, вечерва Палевски треба да слета на скопскиот аеродром по што директно ќе биде спроведен во Истражниот затвор Скопје попознат и како Шутка.

Палевски беше уапсен на 6 декември минатата година, откако првично избега во Србија па преку Бугарија се даде во бегство во Турција. Министерството за правда со месеци ги договараше административните работи за екстрадицијата на Палчо. Во овој момент МВР  е надлежно за неговото спроведување во затворот во Шутка.  

15.05.2024 - 18:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега